
Во СВР Скопје денеска било пријавено дека на улица „Иван Козаров“ во Скопје било опожарено патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички, сопственост на Ѓ. Г. (43) од Скопје. Од пожарот биле зафатени и оштетени уште две возила паркирани во близина.
По повод настанот, СДСМ со соопштение реагира дека најостро го осудуваат палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски. „Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена,“ се наведува во реакцијата.
Од партијата додаваат дека бараат МВР и сите надлежни институции веднаш да преземат мерки, случајот целосно да се расчисти и сторителите да одговараат.