Skip to main content

Франција прогласи ден на жалост за жртвите од циклонот „Чидо“ на архипелагот Мајот

Фото: ЕПА

Францускиот претседател Емануел Макрон го прогласи 23 декември за Ден на национална жалост за жртвите од катастрофалниот циклон „Чидо“ кој го опустоши архипелагот Мајот во Индискиот Океан.

„Споделуваме длабока тага со жителите на Мајот. Знамињата ќе бидат спуштени на половина копје, а во 11 часот ги повикуваме сите Французи да оддадат почит на загинатите,“ изјави Макрон при посетата на архипелагот.

Франција побара итна помош преку европскиот механизам за цивилна заштита, вклучувајќи 10.000 шатори и објекти за привремено сместување на погодените.

Макрон најави дека ќе остане на архипелагот за подобро да ја разбере ситуацијата, а утре ќе посети делови од архипелагот.

Според првичните податоци, официјално се регистрирани 31 загинат и околу 1.400 повредени, но властите стравуваат од многу посериозни последици, бидејќи 70 отсто од населението е сериозно погодено. 

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel giriş