Skip to main content
MNCGG6xAfxs

Оваа држава е на сите, заедно мора да се бориме за нашиот дом – порача Филипче по повод Денот на независноста

Државата не е ничија сопственост. Не е сопственост на партиите, ниту на владата. Државата е на граѓаните. Таа е нашиот дом. За нашиот дом мора да се бориме сите, порача по повод 8 Септември – Денот на независноста лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ).

о видео-обраќањето рече дека пред 34 години, граѓаните со храброст и одговорност донеле една од најважнитее одлуки во историјата на Македонија, одлука да живееме во своја, независна држава.

Таа независност, вели Филипче, дека не била подарок, туку резултат на визија, мудрост и истрајност.

Смета дека сега државата повторно е пред закана, но не од оружје, туку од корупцијата, неправдата, дискриминацијата и сиромаштијата.

Посочи дека власта ја претвора државата во сопственост на малкумина, а ја оддалечува од граѓаните.

„Сакам да и порачам на власта – ова е земја на сите, за сите. Не само ваша“,кажа тој.

Според него, патриотизам е да се бориш за чист воздух, а не да се палат депонии, да им се помага на послабите, а не да се трошат државните ресурси за себе.

„Патриотизам е да си го средиме сопствениот двор, сопствениот дом, да се грижиме за заедничкото, оти заедничкото е и ваше и наше, и твое и мое“,вели лидерот на опозицијата.

https://youtube.com/watch?v=MNCGG6xAfxs%3Ffeature%3Doembed

Социјалдемократската идеја, рече тој, дека била и останала двигател на најважните државни одлики и историски моменти.

На крајот од обраќањето, порача дека ако во 1991 година се изборивме за независност, сега треба да се избориме за иднина.

На темата Европска Унија – кажа дека патот кон ЕУ не е само геополитички избор, туку обврска кон граѓаните што сакаат стабилност, правна држава, повисоки стандарди и модерна економија.

„Денес сме на чекор кон Европа. Тој чекор мора да го направиме сами, но заедно и обединето. Верувам дека сите го сакаме истото – сигирна иднина на оваа држава и на нашите деца“,рече Филипче.

Поврзани вести