Skip to main content

Лазаров: Честитки за Хановер, заслужено победија

 Ракометарите на Алкалоид и во реваншот од квалификациите на Лига Европа загубија од Хановер со 29:28. Македонскиот претставник со двата пораза ги заврши натпреварите во елиминациската фаза, па сега остануваат само домашните натпреварувања.

–  Честитки за Хановер, заслужено победија. Разочаран сум бидејќи на двата натпревара промашивме вкупно девет удари од шест метри. Со ваква статистика невозможно е да се совлада екипа што игра во Бундеслигата. Знаевме дека Хановер е поквалитетен тим, но ова е премногу. Хановер е противник кој победува екипи како Магдебург или Фуксе Берлин, тогаш е јасно колку беше тешко со ваква статистика, изјави по натпреварот тренерот на Алклаоид Кирил Лазаров. 

Поврзани вести