
Поранешните обвинители на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, се наводно вмешани во нов скандал со рекетирање, објави порталот МКД.мк.
Како што пишува порталот. за овој случај се води предистрага во Основното јавно обвинителствто за гонење на организиран криминал и корупција и се прибираат докази за да се види дали ќе се отвори истрага за овој случај. Кривичната пријава до МВР е поднесена од оштетениот бизнисмен чије име засега не се открива. Како што брифираат изворите на МКД.мк, се истражува и дали Бојан Јовановски е вмешан во оваа постапка.
Според информации на МКД.мк, оштетен е бизнисмен кој во времето на активното работење на СЈО бил дел од предметите што ги водеше ова обвинителство. Случајот имал сличности со аферата „Рекет“, а се проверува и евентуалната вмешаност на Бојан Јовановски – Боки 13.
Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција потврдуваат дека по овој случај се постапува.
Целиот текст тука