
Македонската царина при претрес на возилото го фатила поранешниот генералниот секретар на Владата , Драги Рашкоски со кеш пари, 20.000 евра на источната граница за кои немал покритие ниту биле пријавени. Тој овие пари сакал да ги пренесе во Бугарија.
Во моментот е задржан на граничниот премин Ново Село кон Бугарија, а вишокот на сумата е конфискуван. Инаку во прв степен, поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и уште шестмина обвинети добија затворски казни за злоупотреби од три до осум години затвор во случајот „Софтвери“.