
– Визијата за помодерна, урбана и почиста Струмица не е само моја, туку е ваша визија. Наша задача е да ги подджиме младите, да се грижиме за постарите и да ја развиваме и унапредуваме локалната економија, истакна кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО ДПМНЕ, Петар Јанков, на денешната прес конференција.
Додаде дека во периодот што следува ќе разговара со граѓаните и ќе се видат нивните потреби и размислувања.
-Знам дека нема да биде лесно, но ве уверувам дека заедно ќе успееме. Ветувам работа, работа, многу работа, чесност и посветеност, подвлече Јанков.