Skip to main content

Aлбански боксер се пофали дека претепал Срби и Руси во кафеана

Албанскиот боксер Флоријан Маку заврши зад решетки. Маку беше приведен во Германија, а веднаш потоа беше екстрадиран во Грција, каде веќе извесно време се бараше поради инцидент што се случи пред седум години во Солун, објави Топ чанел.

Тој беше обвинет дека тогаш поседувал нелегално оружје, како и дека при тепачка во кафеана им нанел сериозни повреди на неколку Руси и Срби Албанецот веќе бил осуден за ова дело и одлежал година и пол затвор, а сега повторно ќе оди во затвор.