Skip to main content

Алтернативниот аматерски театар „Чекори“ гостува на Фестивал во Хрватска

Театар Чекори

Алтернативниот аматерски театар „Чекори“ од Скопје во петок, 5. септември, ќе гостува во Славонски брод во Хрватска како единствен претатавник од Македонија на 18. издание на фестивалот „Фестивал аматерских казалишта“ во организација на „Сатирично казалиште младих“, со претставата „No Exit“ од Жан Пол Сартр во режија и адаптација на Маја Ѓурчевска а асистент на режија и техника е Никола Димевски.

Со оваа изведба ќе заврши и летната турнеја со оваа претстава, која претходно гостуваше во Скопје и Струга.

„NO EXIT“ е продукција од 2024 година, играат актерите Нина Неделкоска, Иван Делиманов, Милена Блажеска и Јована Гаврилоска.

На 18 октомври, пак, претставата „Ехо на заборавот“ во продукција на Театар Чекори е селектирана и ќе настапува на фестивалот „Казалишне вечери националних мањина” во Загреб. „Ехо на заборавот“ по текст на Ирем Генишел Бешкоска во режија и адаптација на Маја Ѓурчевска имаше премиера оваа година во мај во Скопје. Во претставата играат актерите: Михаил Митевски, Никола Кузмановски, Јована Гаврилоска, Иван Делиманов, Никола Димевски, Маја Ѓурчевска, Ирем Генишел Бешкоска и Валентин Видовиќ, музиката е на Валентин Видовиќ, а рекламниот материјал за двете претстави е на Љубица Делиманова.

Во следниот период покрај гостувањата и други планирани изведби, театарот најавува нови проекти и соработки.

Како идни проекти што ќе се работат може да се издвои „Среќни денови’’ од Семјуел Бекет, ќе биде во соработка со актерката и режисерка Снежана Коневски Руси. Пробите почнуваат од септември. Интересно е што во изработка е и монографијата за 50 годишнината на Театар Чекори, како и снимање на филм.

Ќе се подготвува и проект за деца и млади, како и неколку други проекти за кои би известиле дополнително.