Skip to main content

Тања Кокев ја облече Тамара Котевска за премиерата на „Силјан“ во Венеција

Македонската дизајнерка Тања Кокев го креираше фустанот на режисерката Тамара Котевска за премиерата на нејзиниот трет докуемтарен филм „Силјан“ кој ја доживеа светската премира на Филсмкиот фестивал во Венеција кој е во тек.

Венеција. Филм. Мода. Нашата режисерка Тамара Котевска блесна во KOKEV. За премиерата дизајниравме црн краток фустан кој спојува минимализам и провокативна сила. И секако рачно изработен ѓердан инспириран од штркот и приказната која таа ја раскажува, објави Кокев на социјалните медиуми.

Котевска, со дел од филмската екипа, вчера во Венеција одржа и прес-конференција пред премиерата.

Ова не е првпат Котевска да соработува со македонски дизајнери. Режисерката која за документарецот „Медена земја“ имаше две номинации за „Оскар“, на претставувањето, пред доделувањето на наградата беше облечена во син фустан од модното студио „Алшар“ на дизајнерката Силвија Михајловска.

Тамара Котевска со екипата на „Медена земја“ во 2020 година

Поврзани вести