Skip to main content

Три жртви во пад на хеликоптер на британскиот остров Вајт

фото: Freepik

Три лица загинаа при пад на хеликоптер во претпладневните часови на британскиот остров Вајт, соопшти денеска полицијата на Хемпшир.

Полицијата во соопштение наведува дека „вкупно четири лица биле во леталото, а едно лице моментално е во болница во тешка состојба“, пренесува Скај њуз.

Полицијата соопшти дека засега не може да даде информации за жртвите на несреќата, бидејќи продолжуваат напорите за контактирање и поддршка на нивните семејства.

Поврзани вести