
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги осуди воените вежби меѓу САД и Јужна Кореја, нарекувајќи ги „непријателски“ активности.
Како што предупреди Ким за време на посетата на разурнувачот Чое Хјон, поради таквите закани со коишто се соочува неговата земја, постои потреба од „радикално“ проширување на нуклеарниот арсенал на Cеверна Кореја.
Воените вежби отсекогаш биле провокативни по природа, но нивната сериозност е дополнително зголемена од нуклеарната компонента, изјави Ким, нагласувајќи дека таквата ситуација бара од Пјонгјанг да направи „проактивни и огромни промени“ во својата воена стратегија.