
Во рок од најмалку две недели државните институции ќе извршат проверка на петте аероклубови, кои стопанисуваат со спортските аеродроми во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп и Штип, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање што ќе преземе Владата со спорните прашања на спортскиот аеродром Стенковец.
Николоски истакна дека се работи за многу сериозни информации, а токму денеска на седница на Влада усвоен е заклучок, со цел да се провери целокупното работење на правните лица, кои се носители на уверенија за оператори на спортски аеродроми, овластени од Агенцијата за цивилно воздухоплоство.
Беше побарано да се провери правниот статус, на правните лица и начинот на нивно трансформирање. Затоа што се работи за Акционерски друштва, имотото со кој располагаат и правниот статус на имотот, односно начинот на стекнување, дали е наследен, стекнат, легализиран, нелегализиран. Се задолжија, покрај Агенцијата за цивилно воздухопловтсво и Министерството за транспорт, Управата за јавни приходи, Управата за Финансиска полиција, Министерството за внатрешни работи, Државниот градежен инспекторат, Инспекторатот за локална самоуправа, Државниот пазарен инспекторат, Агенцијата за катастар, а се препорачани единици на локална самоуправа на чија територија се наоѓаат да детално ги испитаат овие пет аероклубови, се работи за аероклубот Скопје, којшто стопанисува со аеродромот Стенковец во Општина Чучер-Сандево во Скопје, аероклубот „Доне Божинов“ којшто стопанисува со аеродромот во Куманово, аероклубот „Мирко Тодоровски“ од Битола, којшто стопанисува со спортскиот аеродром во Битола, аероклубот Прилеп, којшто стопанусува со спортскиот аеродром во Прилеп и аероклубот Штип, којшто стопанисува со стопанисува со спортскиот аеродром во Штип – вели Николоски.
Тој истакна дека по две недели институциите ќе дадат одговори на Владата, во однос на сите овие постапки и процедури, како од една страна би се задржала дејноста, затоа што како што рече, треба да има спортски аеродроми во државата, а од друга страна максимално би се заштитела безбедноста во однос на оние, коишто спортски летаат, управаат спортски авиони.
И трета по мене најбитна страна да се задржи основната дејноста. Затоа што се работи за аероклубови, за кои не смееме да дозволиме да се манипулира законот. Знаете дека во минатото сите спортски друштва се водеа како Здруженија на граѓани, со промените на Законот за спорт, некаде пред десеттина години, истите добија право да се трансформираат во Акционерски друштва. Но, тоа не значи дека тие треба да ја губат основната дејност и од аероклубови да стануваат организатори на свадби, концерти, тим билдинзи и останати настани, коишто се промовираат на аеродромот Стенковец или собир на моторџии на аеродромот во Куманово, или до таму оди работата, во Битола на пример пистата е приватизирана – подвлече Николоски.
Тој додаде дека по направена проверката јавноста ќе биде информирана и се заблагодари на медиумите, кои ја отворија оваа тема