Skip to main content

Концерт на Теа Таировиќ на 15 ноември во Скопје

Балканската ѕвезда Теа Таировиќ доаѓа во Скопје со голем, спектакуларен концерт на 15 ноември 2025 во арената „Борис Трајковски“! Концертот се најавува како музички спектакл со врвна продукција, импресивна сценографија, танчери, специјално осмислени кореографии, костими и светлосни ефекти кои ќе ја претворат арената во вистинска концертна магија. За Теа, концертот не е само изведба, туку големо уметничко дело во кое секој тон, секој кадар и секоја емоција имаат своја улога. Минатата година, токму во ноември, Теа ја наполни скопската арена до последно место, концерт кој беше распродаден до последна карта и кој остави силен белег кај публиката. Овој пат интересот е уште поголем, а очекувањата уште повисоки. Со својот нов албум, кој веќе е објавен и предизвикува огромно внимание во регионот, Теа отвора ново поглавје во својата кариера. Скопската публика ќе има единствена можност првпат во живо да ги слушне песните од овој проект, заедно со нејзините најголеми хитови кои ја издигнаа на самиот врв на балканската музичка сцена. На 15 ноември, Теа Таировиќ пристигнува во Скопје за да приреди спектакл каков што досега не сме виделе. Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од овој спектакл и веднаш обезбедете си карти.

Поврзани вести