
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека државата, заедно со народот, ќе ги подигне и обнови просториите на обвинителствата и судовите, како и партиските простории уништени за време на протестите, наведувајќи дека доаѓа времето на одговорност.
„Има едно добро во сето ова, сите маски паднаа, луѓето гледаат сè. Нивната нервоза се зголемува. Хистеријата се зголемува, а насилството станува сè поизразено затоа што немаат што друго да понудат“, рече Вучиќ во видео објавено на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“, додавајќи дека ја напушта полицијата каде, според него, ги посетил борците кои ја штитат Србија од оние кои ја уништуваат секоја вечер.
Тој истакнува дека доаѓа времето на одговорност.