Skip to main content

За шест месеци Македонија ја посетиле скоро 400 илјади странски турист, или 20 отсто повеќе со лани

Преземените мерки и добро планираните политики на Владата во секоја област, почнаа да го даваат својот резултат, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Македонскиот туризам расте и се развива, Македонија станува посакувана дестинација за странски посетители кои сакаат да ги посетат македонските градови и села, езера и планини. Покрај за природните убавини и богатства, туристите ја посетуваат Македонија за да уживаат и во прекрасната македонска традиционална кујна и вина. Во првите шест месеци од годинава Македонија бележи раст на бројот на странски туристи за скоро 20 проценти, споредено со истиот период лани. Најновите податоци на Државната статистика, покажуваат дека во првите шест месеци од годинава во посета на македонските туристички места, дошле речиси 400 илјади странски гости. Вкупниот раст на туризмот во првото полугодие споредено со истиот период 2024 година, изнесува 13,5 отсто. Исто така, раст има и кај реализираните ноќевања, кои во истиот период, споредено со првата половина од 2024 година, зголемени се за 8,5%. И ова не се само статистички бројки и податоци, тие претставуваат резултат на макотрпна и посветена работа на сите чинители во оваа владино раководство, кои не се штедат себеси, туку напротив целосно се вложуваат за да ги подобрат состојбите во државата, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквите позитивни резултати претставуваат мотив, Владата уште поинтензивно и попосветено да работи за реализација на поставените цели, Македонија да биде развиена и пристојно место за живеење, каде секој тука ќе ја гради иднината, додаваат од владејачката партија.

Поврзани вести