Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Што одработил Фрчкоски за СДС за 200 илјади евра од Еразмус+?!

На СДС институциите им служеле само за личен профит на поединци. Таков е и примерот со Еразмус+ со која раководеше кадарот на СДС, Лидија Димова. Димова и Зоран Заев со пари од Еразмус+ си ги плаќаа послушните и подобните кои требало да им завршат некоја работа или пак јавно да ги бранат – велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Тие тврдат дека покрај што со пари од агенцијата, преку Лазар Нанев, Заев си ја купувал слободата исто така си ги плаќал и неговите идеолози и јавни поддржувачи.

Имено, преку истоимената агенција чиишто финансиски средства се наменети за образовни програми, Заев и Димова доделиле 200 илјади евра на идеологот Фрчкоски. Наместо за образовни програми за младите, парите завршиле за проект на кој што конкурирал Фрчкоски. А каде е сега тој и какви образовни програми и проекти реализирал за младите, никој не знае. Секако затоа што тие пари не се земени за проекти за младите, туку тие, најверојатно, се исплата за тоа што Фрчкоски одработувал и уште одработува за СДС. Тој со години е најгласен, кога по нарачка на СДС, треба да се нападне, шиканира или извреѓа некој нивен неистомисленик. Тој е протеже преку кого СДС ги изнесува на површина работите кои ги мисли, а не сака јавно да ги кажува. Тоа е начинот на работа на СДС и начин на кој ја користел Еразмус +. За одработување на партиски цели и интереси биле плаќани судии, професори и некакви така наречени експерти – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив на површина излегуваат сите работи кои ги правеле СДС, Заев и Димова и како ги користеле институциите и нивните финансии за плаќање на нивни поддржувачи и штитеници.

Од СДСМ пак велат:

Злоупотребите со милионите евра од европската програма Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ. Затоа Владата на Мицкоски назначи за в.д. директор на Националната агенција за европски образовни програми лице под активна истрага на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами. Тоа е скандал без преседан што целосно ја урива довербата во институциите. И наместо да побара одговорност ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ја заташка вистината. Не се само 2.2 милиони евра во прашање.

ВМРО-ДПМНЕ пак прашува – ако имало злоупотреба што чекале СДСМ 8 години.

Поврзани вести