Skip to main content

Ангелов: Пожарот во Јасен стигна до објектите на Јавното претпријатие, но со брза и енергична акција спречивме да се запалат

ДЗС

Пред малку огнот се закани на објектите на ЈП Јасен но со брза, енергична и одлучна акција со повеќе возила кои претходно беа поставени во полукружна одбрана, огнот беше сопрен во близина на самите објекти, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

фото: ДЗС

Прилагодените пинцгауери и хермелини по којзнае кој пат се покажаа одлични, без нив целата оваа борба против огнената стихија ќе имаше друг тек. Голема благодарност до припадниците на специјалните единици на Армијата и Полицијата, Волци, Ренџери и ЕБР како и до пожарникарите од скопската бригада за противпожарна заштита. Голема благодарност и до вработените во ЈП Јасен како и Национални Шуми, изјави Ангелов.

фото: ДЗС

До 12 часот денеска, во земјава се активни 8 пожари, соопштија од Центарот за управување со кризи. Освен во Јасен, пожари има во Општина Струга пожар има во местата Октишка Краста, каде гори ниска вегетација, и во Бегова Шума во Малесија, каде запалена е ниска вегетација и мешана шума. Во Општина Прилеп пожар има во село Дабница, во Општина Македонски Брод во селата Девич и Грешница, во Општина Чешиново-Облешево кај село Теранци гори ниска вегетација, пасишта се запалени во Општина Јегуновце помеѓу селата Рогачево и Јажинце и во Општина Сопиште во село Света Петка гори ниска вегетација.

Поврзани вести