Skip to main content

Охриѓанец на сила ставил 60-годишна жена од Охрид во своето возило и ја однел во неговиот дом

Полицијата синоќа го приведе 59-годишниот З.Ј. од Охрид. Тој, според претходна пријава, со употреба на сила ставил 60-годишна жена од Охрид во своето возило „Југо“ со охридски регистарски ознаки и ја однел во неговиот дом.

По преземени мерки, жената била пронајдена во домот на З.Ј., кој веднаш бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.

Поврзани вести