Skip to main content

Бела куќа: Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ

Фото: by Jørgen Håland on Unsplash

Средбата меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе се одржи в петок во Енкориџ, Алјаска, соопшти денеска Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на прес-конференција објави дека в петок наутро, претседателот Трамп ќе отпатува во Енкориџ, Алјаска, на билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Таа навести дека постојат планови Трамп да ја посети Русија во иднина.

„Само една страна што е вклучена во оваа војна ќе биде присутна, па затоа претседателот треба да оди и повторно да стекне поцврсто и подобро разбирање за тоа како, се надеваме, можеме да ја завршиме оваа војна“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

„Ова е вежба за слушање за претседателот.“

Трамп утре ќе учествува во виртуелни разговори за Украина пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин в петок, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на официјален претставник на Белата куќа.

Германија вчера соопшти дека за утре свикува серија видеоконференции на највисоко ниво за подготовка на самитот, вклучувајќи една меѓу европските лидери, украинскиот претседател Володимир Зеленски, Трамп и потпретседателот на САД. 

Поврзани вести