
Македонската кадетска кошаркарска репрезентација вечерва ја постигна првата победа во групата (петтото коло) совладувајќи ја убедливо Словачка со 84:60 (21:13; 23:16; 19:17 и 12:14). Благодарение на високиот триумф „црвено-жолтите“ имаат најдобар кош-количник во мини табелата со Кипар и Словачка и го освои четвртото место во групата и ќе разигрува за пласман од 9-16.место.
Македонските кошаркари од самиот почеток покажаа желба и мотив за убедлива победа која ги „однесе“ во разигрувањето за пласман од 9-16.место. „Црвено-жолтите“ водеа во текот на целиот натпревар, а во последната четвртина предноста беше и повеќе од 20 поени разлика.
Најефикасен во македонскиот тим беше Павел Ѓиновски со 18 поени.
Утре на шампионатот е слободен ден, а нашиот кадетски тим в четврток ќе игра со третопласираниот тим од групата А, а противникот ќе биде познат по завршувањето на дуелот меѓу Црна Гора и Австрија.