
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави за руски медиуми дека Србија нема намера да воведува санкции кон никого, ниту да ја менува својата политика.
Неговата изјава е реакција дадена за РИА Новости откако руски медиуми јавија дека следната недела, под притисок на Западот, српскиот премиер Ѓуро Мацут ќе ги смени шефот на кабинетот и советник за национална безбедност Милош Анѓиќ, вишата советничка за надворешна политика Александра Николиќ, заменичката на шефот на кабинетот Ана Јовановиќ и вишата советничка Билјана Богичевиќ.
„Србија не го менува својот став, ниту ќе го промени, Србија нема намера да воведува санкции кон никого, ниту да ја менува својата политика. Сето тоа е глупост. Не разбирам кому му е потребно тоа и кој го измислува“, рече претседателот нс Србија.