
Квалитетен меѓународен ракометен турнир со осум екипи од 19 до 23.август ќе се игра во Охрид. Натпреварите ќе се играат во салата во СРЦ „Билјанини извори“, а годинава ќе биде четвртото издание на турнирот „Крсте Андоновски“.
Осумте екипи ќе бидат поделени во две групи по четири екипи. „А“ групата ќе ја сочинуваат: Охрид (домаќин), Партизан (Србија), Нексе (Хрватска) Киндил (Фарски острови), а во „Б“ групата ќе играат: Вардар, Еурофарм Пелистер, Динамо Панчево (Србија) и Тримо Требиње (Словенија), кој е замена за АЕК (Грција).
Првопласираните екипи ќе играат меѓусебе за првото место, а другите според пласманот ќе разигруваат за конечниот редослед.
Пехарот ќе го брани тимот на Вардар, а претходно по една победа имаат Партизан и Еурофарм Пелистер.