
Екипата на Кристал Палас е освојувач на Комјунити Шилд во Англија откако го совлада шампионо Ливерпул по изведување пенали. Во регуларниот дел натпреварот заврши нерешено 2:2, а по изведувањто на пенали беше 3:2 за Кристал Палас. Ова за Кристал Палас е втор трофеј во историјата на клубот, освоени во кус период откако во мај месец го освоија ФА купот.
Шампионот Ливерпул во два наврати водеше. Првото водство беше во 4.минута со голот на новото заилување Уго Екитике, но Кристал Палас изедначи од пенал на Жан – Филип Матета во 17.минута. „Црвените“ до нова предност стигнаа преку Џереми Фримпонг четири минути подцна. Натпреварот во пенали го „однесе“ Исмаила Сар постигнувајќи гол во 77.минута за 2:2.
Во серијата пенали голманот на Кристал Палас Дин Хендерсон одбрани два пенала, а Мохамед Салах го промашни голот. Решавачкиот пенал во петтата серија за победа на Кристан Палас го реализираше Џастин Девени.
За екипата на Кристал Палас ова е прв трофеј во Комјунити Шилд, додека Ливерпул остана со 16 трофеи.