
СДСМ Струмица уште пред избори се позиционира како идната опозиција, коментира Костадин Костадинов, кого матичната партија СДСМ не го кандидираше вторпат за градоначалник на Струмица.
Градоначалникот Костадинов го замрзна членството во СДСМ, откако лидерот на партијата Венко Филипче објави дека Марјан Даскаловски, претседател на струмичката партиска општинска организација ќе биде кандидат за градоначалник на Струмица.
Човекот што на мала врата се обиде да ја протне родовата идеологија во Струмица, пушти добар дел од своите другари советници низ мала вода. Сега ме обвинува за коалиција со други партии, а притоа застана и против интересите на пожарникарите.
Ќе има ли нов бран на „пуштање луѓе по вода“?
Чудно, но вистинито.
Токму затоа, со злоупотребена кандидатура, СДСМ Струмица уште пред избори се позиционира како идната опозиција…, пишува Костадинов на социјалните мрежи.