
Ќерката на водач на црногорскиот криминаен Кавачки клан, Радоје Звицер, Ива Звицер (18), е уапсена во которската населба Пржице поради пребрзо возење.
Според Полициската управа, Ива Звицер возела со брзина од 124 км/ч на дел од патот каде што максималната дозволена брзина е 50 км/ч.
Таа е казнета со 175 евра на суд, а забрането ѝ е да управува со возило од категорија Б во траење од 60 дена. Истовремено, ѝ се изречени два казнени поени.