Skip to main content

Тешка сообраќајка на магистралниот пат Гостивар-Кичево

На 06.08.2025 околу 07:20 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај с.Строгомиште, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а4“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.Л.(58) од с.Зајас, општина Зајас и товарно возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(34) од с.Колари, кичевско, по што патничкото возило „ауди а4“ удрило во паркирано патничко возило „ауди а5“, сопственост на К.З.(27) од с.Горно Строгомиште.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „ауди а4“, И.Л, додека со телесни повреди се здобил возачот на товарното возило Г.Ј., констатирани во Медицински центар Кичево.

По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

Поврзани вести