Skip to main content

Христовски: Безбедносната состојба во државата е стабилна

Facebook/Бојан Христовски

Денеска присуствував на втората седница на Советот за безбедност во Кабинетот на Претседателката Гордана Силјановска Давкова, каде што заедно со колегите разговаравме за регионалните и националните безбедносни предизвици, напиша на својот Фејсбук профил директорот на АНБ, Бојан Христовски.

Безбедносната состојба во државата е стабилна, но остануваме внимателни и посветени на справување со ризиците – од геополитички закани до климатски предизвици како пожарите. Во континуитет работиме на системски и технолошки решенија за подобрување на раното предупредување и заштитата на граѓаните. Националната безбедност е наша заедничка одговорност, и затоа ја темелиме врз соработка, проактивност и одговорно водење политики, истакна Христовски.

Поврзани вести