Skip to main content

Добредојде дома: Дуа Липа доби државјанство од Косовската претседателка

Instagram/Vjosa Osmani

Косовската претседателка Вјоса Османи ја пречека светски познатата поп-ѕвезда Дуа Липа во Приштина, при што, со претседателски указ, ѝ додели државјанство на Република Косово. Во објава на својот Фејсбук профил вчера, Османи рече дека тоа е „посебна чест“ за земјата, нагласувајќи дека пејачката е една од најважните културни и уметнички личности во историјата на Косово.

Добредојде дома, Дуа. Таа беше и продолжува да биде еден од најсилните гласови на најголемите светски сцени, пишувајќи историја со своите достигнувања и постанувајќи инспирација за милиони луѓе низ целиот свет, напиша Османи.

Таа го пофали придонесот на Липа за промоција на Косово на меѓународно ниво, охрабрувајќи ги младите луѓе и поддржувајќи ја тамошната уметност.

Косово секогаш ќе се гордее со тебе, нагласува Османи на крајот.

Дуа Липа е британска поп-пејачка и глумица со албанско потекло, родена во Лондон. Таа има освоено 7 „Брит“ награди и три награди „Греми“ награди со својата музика.

Поврзани вести