Skip to main content

Повеќе од 10.000 молњи регистрирани вчера во северна и централна Грција

Freepik

Силни врнежи од дожд, што предизвикаа и проблеми, и повеќе од 10.000 молњи беа регистрирани вчера попладне во северниот и централниот дел на Грција, според податоците од мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.

Најголемо количество на вода било забележано во областа Кукуш (Килкис), каде наврнале дури 94,8 милиметри дожд.

Истовремено, покрај големите врнежи, била забележана и значителна електрична активност, па до 18:40 часот биле регистрирани приближно 10.000 електрични испуштања, од кои 8.900 биле на земја, а останатите во море.

Краткотрајното, но моќно невреме создаде проблеми во Солун, а во регионот Тесалија, обилниот дожд и градот предизвикале штета и на земјоделските култури.

Поврзани вести