Skip to main content

„Светот во страници“: Саем на книга во рамките на Битфест

На платото пред влезот на Народниот театар Битола свечено беше отворен саемот на книги во организација на Универзитетската библотека  “Св. Климент Охридски“ од Битола насловен “Светот во страници“.

На повеќе штандови се изложени и се продаваат книги од библиотеката “Св. Климент Охридски“ – Битола, како и издавачките куќи “Бата прес“,  “Антолог“, “Прозарт медиа“, “Топер“, “Матица македонска“ и “Збор“.

За саемот зборуваше директорката на библиотеката м-р Емилија Стефановска-Давкова која рече:

За мене голема е честа што после една деценија сме дел од годинешниот “Битфест“ и учествуваме со сопствен саем и сопствен штанд, за што изразувам благодарност кон Општина Битола што ни го овозможија ова. Љубителите на книгата ќе можат да изберат дел од богатиот избор на наслови од ѕвездите на светската книжевност, од македонските класици, светските класици, нобеловците, од ѕвездите на македонската книжевност, поезија, проза, есеистика… по најповолни саемски цени. Во ова време кога технологијата г0 зазеде големиот дел од нашето секојдневие книгата останува наше прибежиште, таа е извор на релевантно знаење и кулурна свест, па затоа да продолжиме да читаме.Саемот за отворен го прогласи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој при тоа нагласи:

-Почитувани, присутни, автори, издавачи, читатели, пријатели на пишуваниот збор. Страниците го откриваат светот, а вечерва токму тука на платото пред Народниот театар го имаме светот во страниците. Слоганот со кој го отвораме вечерашниот настан претставува јасно отсликување на тоа што значи читање денес, кога преплавеноста со информации низ интернет просторот не може и не смее да ја замени добрата книга, добриот збор кој не учи на трпеливост, длабоко размислување и вистинско доживување. Патувањето низ страниците на пишаниот збор е вистинско патување кон себеси, кон надежта, кон непознатото, но и кон научните достигнувања и стручните еспертски анализи. Вечерва со отворањето на овој саем битолската ризница на научната ризница и пишаниот збор на НУУБ “Св. Климент Охридски“ активно работи на доближување на пишаниот збор како богатсво до сите наши сограѓани, а пред се до нашите најмлади кај кои сите заедно мораме да ја поттикнеме љубопитноста, а си тоа да ги поттикнеме да читаат.Љубителите на книга ќе можат да изберат од богат избор на наслови – поезија, есеистика, стручна литература, нобеловци, класици и многу други жанрови. Целта е книгата да биде достапна за секого, а читањето да стане дел од секојдневието. А најмалите имаа ретка прилика да се дружат со својот лик Спајдермен, кој сака да чита.

За поубава атмосфера и несекојдневно дружење вечерва се погрижи битолската пејачка легенда Сефедин Бајрамов, кој испеа свои песни, но и незаборавни хитови посветени на Битола и битолските легенди.Саемот ќе биде отворен до 1 август.

извор/ фото: Битолањуз

Поврзани вести