
Во Клиничката болница во Битола е инсталиран нов, современ дигитален РТГ апарат – Fujifilm Smart X, набавен со поддршка на Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 7.000.000 денари со вклучен ДДВ.
Станува збор за високо квалитетен апарат за дигитална радиографија, монтиран на под, кој овозможува прецизно, брзо и безбедно снимање. Fujifilm Smart X е целосно дигитален, опремен со генератор од 52 kW и два панел детектори, кои испорачуваат дијагностички слики со врвен квалитет, веднаш достапни преку работната станица поврзана со ПАКС системот на болницата