Skip to main content
ВМРО-ДПМНЕ

Македонија станува енергетски независна и регионална раскрсница за набавка и проток на гас

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сериозно и посветено работи и вложува во развојот на гасоводната мрежа. Со новите проекти и инвестиции во енергетиката воопшто, државата влегува во клучна фаза на енергетска независност и трансформација на енергетскиот систем, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека Владата, не само што вложува во стабилноста и модернизацијата на сопствената енергетска мрежа, туку стана активен играч во регионалното поврзување и енергетската интеграција.

За таа цел веќе започна изградбата на гасниот интерконектор со Грција кој е капитален проект кој носи двоен бенефит, сигурност на снабдувањето и можност за транзит кон трети земји.

Овој интерконектор ќе биде долг 68 километри и освен природен гас, ќе пренесува и водород.

Од друга страна, значителен исчекор во енергетското поврзување  е направен и со Србија, при што се потпиша Меморандум за соработка меѓу НОМАГАС и Србијагас за изградба на интерконектор меѓу Клечовце и Врање, со вкупна должина од 70 километри, од кои 23 километри ќе бидат на македонска територија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Преку овие две стратешки поврзувања, Македонија се позиционира како нова транзитна точка за природен гас на релација Југ – Север, односно од терминалот во Александруполис кон Србија и понатаму до Средна Европа.

Со овие нови интерконектори, државата го поставува курсот кон енергетска независност и улога на регионален енергетски коридор.

Покрај регионалното гасно поврзуваме, ќе се почне со изградба и на секундарната гасоводна мрежа во државата. Пред неколку дена беше потпишан Меморандум за разбирање со Казанџи Холдинг кој, покрај изградбата на топловодна мрежа и когенеративни централи, го отвора патот за изградба на секундарната гасоводна мрежа, која е инвестицијата вредна една милијарда евра.

Исто така се инвестира и во производствени капацитети за електрична енергија од обновливи извори, како ветерници, соларни централи.

Со јасна визија и посветеност Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, гради независен и модерен енергетско гасен систем кој не зависи од една рута, еден снабдувач или еден енергетски извор.

Со реализација на овие суштински и стратешки проекти, се стабилизира енергетскиот пазар и Македонија станува енергетски независна и регионално поврзана држава.

Со ваквите инвестиции Македонија станува гасна и енергетска регионална раскрсница и ја гради новата енергетска мапа на Балканот“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести