
Четири лица од Ресен се приведени откако физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија, соопштија денеска од Секторот за односи со јавност при СВР Битола.
Настанот се случил кога полицијата запрела патничко возило „Фиат“ без регистарски ознаки, управувано од Б.Р. (26). Кратко потоа, на местото пристигнало друго возило со уште три лица: У.Р. (53), Б.Ј. (23) и Е.Ј. (23), сите од Ресен.
Во обид да избега, возачот Б.Р. го стартувал возилото и прегазил еден полициски службеник по ногата, а друг удрил во раката. Нападот продолжил со употреба на тврди предмети, со кои сите четворица ги нападнале полициските службеници. Лицата се приведени и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава против нив.
Во одвоен случај, утрово околу 02:40 часот на улицата „Крушевска Република“ во Битола, полициски службеници го лишиле од слобода А.С. (34) од Битола. При контрола било утврдено дека управувал возило под дејство на алкохол со 1,80 промили алкохол во крвта. Тој е задржан и ќе се соочи со пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.