Skip to main content

Во најголем дел пожарите се намерно подметнати, затоа прашуваме која е придобивката на СДС која се радува на нив?

СДС е партија која наместо да се извини на граѓани што противпожарните единици ги остави без соодветна опрема за справување со пожарите, се радува на секој пожар кој ја зафатил државата, стои во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

За седум години власт, СДС наместо да набавува опрема и возила за службите, единствено набавуваше комотни возила за своите функционери.

Да се грижеа СДС за состојбите за пожарите, како што сега во опозиција глумат, немаше да не остават ниту еден исправен канадер, летало или пак возило за гасење пожари.

СДС за време на нивното владеење, додека пожарите беснееја низ државата, тераа одмори по грчките плажи, наместо да се вклучат активно во нивното гасење.

Од ова произлегува само едно, дека СДС е партија која гледа само себе и се води од максимата колку полошо на другите и на државата, толку подобро за нив.

Дополнително на ова ако го ставиме фактот дека голем дел од пожарите се подметнати, за што постојат и докази, а постојат сомневања дека дел од нив се потпалени од лица блиски до поранешните владини коалициони партнери, СДС и ДУИ.

Затоа, СДС наместо да глуми загрижена партија, треба јавно на македонските граѓани да му одговори која е нивната корист од намерно подметнатите пожари кои ги оштетуваат македонските шуми?

Дали тоа го прават само за да имаат тема за некоја прес-конференција или соопштение, немајќи конкретни идеи и визија за политики кои би придонеле за подобро функционирање на државата.

СДС треба да знаат, дека сакајќи да и наштетат на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за тие да спечалат некој политички поен, и наштетуваат на државата која ние е заедничка.

Претходно СДСМ во соопштение вели дека цела Македонија повторно гори. Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ во пожари изгоре 20% од вкупната површина на шуми и пасишта.

Тоа не е патриотизам тоа е предавство на сопствената држава. Кај оваа влада е одговорноста, потфрли во заштитата на имотот, природата, граѓаните.

Од изминатата седмица, активни се над 100 пожари на територијата на цела држава. Гори во Берово, Радовиш, Василево. Веќе втора недела гори и Прилеп, Македонски Брод, Крива Паланка, Зелениково, Карбинци, Куманово, Липково, Гостивар, Желино, Старо Нагоричане…

Наместо координирана интервенција и силно делување за гасење на огнената стихија гледаме тотална незаинтересираност и неорганизираност од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат во огнот.

Општина Берово во изминатите денови е исто така оставена сама на себе, додека пожарот беснее на планината Готен. Само неколку пожарникари храбро се борат со огнената стихија, длабоко во планината, без никаква реална поддршка од државата. Ова е срамно и недозволиво.

Секој ден се најавува помош, но помош досега никако да пристигне. Општината беше приморана да повика на мобилизација на локалното население и да побара помош од соседните општини за да спречи огнот да дојде до населените места како Владимирово и Русиново.

Минатата година, Христијан Мицкоски ветуваше ревизија и модернизација на системот за заштита од пожари. Денес гледаме целосна деградација на тој систем.

Наместо нови противпожарни возила – се купуваат службени мобилни телефони за 7 милиони евра.

Наместо авиони за гасење пожар и пилоти – владата расфрла пари на приватни летови, луксузни хотели, скапа морска храна, папаја и манго.

Наместо вработување пожарникари – се составуваат партиски списоци за вработувања во институциите.

Не е патриотизам да оставиш имоти, шуми, пасишта да изгорат. Тоа е предавство.

Поврзани вести