Skip to main content
Наменета е за употреба во сателити и други беспилотни системи

Во Русија се развива уникатна атомска батерија која може да работи со децении

Video screenshot

Во Русија се развива уникатна атомска батерија која може да работи со децении. Наменета е за употреба во сателити и други беспилотни системи, бидејќи ефикасно генерира електрична енергија од енергијата на радиоактивното распаѓање.

Најинтересна кај оваа батерија е ефикасноста на конверзијата на енергијата, бидејќи долго време тоа беше само идеја, а луѓето не можеа да развијат таков конвертор кој ефикасно генерира електрична енергија од енергијата на радиоактивното распаѓање“, објаснува Александар Аникин, заменик-директор на одделот и раководител на истражувачкиот оддел на Институтот Бочвар на „Росатом“.

Атомската батерија не е радиоактивна – тритиумот се наоѓа во цврсто куќиште од метал и керамика.

Уредот може да работи во екстремни услови на температури од минус 50 до 100 степени Целзиусови.

Поврзани вести