
Полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 43-годишниот А.Д. од Скопје, кој вечерта на 25 јули 2025 година околу 21:55 часот, предизвикал сериозен инцидент во хотелски комплекс лоциран на охридското крајбрежје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, А.Д. со нож физички нападнал две лица вработени во хотелот, при што им нанел повреди, по што продолжил да оштетува дел од хотелскиот инвентар.
Благодарение на навремената интервенција на полицијата, напаѓачот бил приведен на лице место.
„Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од МВР, без да прецизираат какви биле мотивите за нападот и каква е здравствената состојба на повредените лица.
Случајот е пријавен кај јавен обвинител и се преземаат понатамошни истражни дејства за целосно расчистување на настанот.