
Влатко Ѓорчев, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, присуствуваше во Демир Капија во рамки на агендата на посети на повеќе села во општината.
Се подготвуваме за локалните избори, ја подготвуваме и нашата програма за локалните избори, која што нема само да биде изборна програма, туку и програма на Наталија која што ќе биде иден градоначалник на општина Демир Капија.
Тука во Демир Капија веќе неколку изборни циклуси победуваме и не само што победуваме, туку победуваме и убедливо. Така што, за три месеци ќе го повториме тој резултат, а после тоа со силна поддршка од Владата на Македонија, со силна поддршка од премиерот Христијан Мицкоски, заедно со локалната самоуправа, општина Демир Капија ќе оди напред. Заеднички, изјави Ѓорчев.