
Големата Стеауа, поранешниот европскиот шампион од Романија трепери во Скопје на дуелот против Шкендија.
Македонскиот шампион, на дваесетина минути до крајот водат со 1:0, и се на чекор, доколку издржат до крај, да дојдат до огромна победа.

Фудбалерот кој донесе голема радост на Градскиот стадион во Скопје, е Нигериецот Алхасан, кој во 65 минута беше највисок и најснаодлиов во противничкиот шеснаесетник и со глава ја испрати топката во десен горен агол надвор од дофат на голманот на Стеауа.