
Поради одржување велосипедска трка, од 10 до 15 часот денеска ќе биде затворен за сообраќај регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце.
Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, сообраќајот ќе биде пет часа во прекин на потегот од крстосницата за село Драгоманце до Меморијалниот центар „АСНОМ“ во село Пелинце.