Skip to main content

Лами: Преку ново стратешко партнерство, ја зајакнуваме соработката со Македонија

Ја зајакнуваме соработката со Македонија преку ново стратешко парнерство, објави на платформата Х секретарот за надворешни работи на Обединетото Кралство Дејвид Лами по повод потпишувањето на Декларација за стратешко партнерство меѓу двете земји.

– Преку ново стратешко партнерство, ја зајакнуваме соработката со Македонија за зголемување на инвестициските можности, справување со нерегуларната миграција и зајакнување на заедничката безбедност. Драго ми е што се видов со Тимчо Муцунски – со нетрпение очекувам повторно да го угостам на Берлинскиот процес, пишува Лами. 

Декларација за стратешко партнерство меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска вчера во Форин офисот во Лондон ја потпишаа шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски и британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Лами.

Муцунски на Фејсбук објави дека со ова се отвора ново поглавје во односите меѓу двете земји и се зајакнуваат билатералните односи со Обединетото Кралство.

– Средба од историско значење, која отвора ново поглавје во билатералните односи помеѓу двете земји, во чии рамки ја потпишавме Декларацијата за стратешко партнерство. Овој документ ќе ги зајакне и унапреди стратешките односи меѓу двете земји, вклучително и соработката во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната, особено во рамките на НАТО. Разговаравме и за неодамнешниот договор „влада со влада“, кој ќе ја зголеми трговијата, ќе го поттикне економскиот раст и ќе овозможи реализација на низа инфраструктурни проекти. Разговаравме и за нашето сојузништво во рамките на НАТО, како и за соработката во мултилатералните организации, наведува Муцунски во објавата на Фејсбук

Поврзани вести