Skip to main content

Германија и Обединетото Кралство потпишаа историски договор за пријателство

Фото: Принтскрин

Пет години по Брегзит, Германија и Обединетото Кралство воспоставија нова основа за нивните односи со сеопфатен договор за пријателство, јави ДПА.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер го потпишаа договорот од 27 страници, придружен со акционен план од 17 точки, на церемонија во музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон.

Мерц, кој е во прва посета на Обединетото Кралство откако стапи на функцијата во мај, го опиша настанот како „историски ден за германско-британските односи“.

-Сакаме да соработуваме поблиску, особено по излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ. Овој договор беше долго очекуван, изјави тој. Договорот има за цел да ја продлабочи соработката во одбраната, економската политика, миграцијата и борбата против прекуграничниот криминал. 

Одбрана: Договорот ги нагласува заемните одбранбени обврски во рамките на НАТО, со фокус на развој на европски систем за оружје со долг дострел и олеснување на извозот на заеднички развиена воена опрема.

Миграција: Двете земји се договорија за акционен план за борба против илегалната миграција, со акцент на мрежите за трговија со луѓе, заедничко кривично гонење и зајакнување на граничните контроли.

Патувања: Од крајот на годината, германските училишни групи ќе можат да патуваат во Обединетото Кралство без визи, а се планира и директна железничка линија во следната деценија. 

Поврзани вести