Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар започнува со отворени денови секој втор понеделник, почнувајќи од утре, 16.02.2024 година.
Започнувајќи од утре, почнуваме со отворени денови, секој втор понеделник во месецот, со почеток од 13 до 15 часот во салата на втори спрат на Клиника за ортопедија. Добродојдени се граѓаните со свои предлози, идеи, сугестии или забелешки за работата на Клиниката. Важна ни е двонасочната комуникација и со одредена динамика ќе се обидеме да изнаоѓаме решенија во рамки на можностите и ресурсите кои ни стојат на располагање. Нашата цел е унапредување на состојбите на нашата Клиника која е врвна и единствена од ваков вид во терциерното здравство и каде се третираат најкомплексните случаи, вели проф.д-р Марија Јовановски Срцева, директорка на Клиниката за ТОАРИЛУЦ.