Skip to main content

Сабаленка е преморена, нема да игра во Монтреал

 Светскиот број 1, Арина Сабаленка, нема да игра на турнирот WTA-1000 во Монтреал, објави „Тенис Канада“. 

Дваесет и седумгодишната Белорусинка се повлече од турнирот поради замор.

– Со нетрпение ги очекувам турнирите на тврда подлога во Северна Америка, но за да ги зголемам моите шанси за успех оваа сезона, решив дека е во мој најдобар интерес да го прескокнам турнирот во Монтреал.
Ќе ми недостигаат моите прекрасни канадски навивачи и веќе со нетрпение очекувам да ве видам сите следната година. Ви благодарам за разбирањето и поддршката – многу ми значи, објави Сабаленка.

Турнирот во Монтреал ќе се одржи од 27 јули до 7 август.

Поврзани вести