Skip to main content

Трагедија на Халкидики: Од гушење со храна почина бебе од Србија

Тринаесетмесечно момче од Србија трагично го загуби животот во ресторан во Ормос Панагијас, Ситонија, пред очите на своите родители.

Според информациите од грчките медиуми, трагедијата се случила во вторникот попладне околу 18 часот. Семејството, татко на 31 година и мајка на 32 години, било на вечера кога одеднаш бебето почнало да се гуши со храна. Родителите се обиделе да му помогнат, но ситуацијата брзо излегла од контрола.

Очевидци велат дека сцените биле шокантни, а луѓето во ресторанот повикале итна медицинска помош. Екипите на брза помош најпрво го пренеле детето во Здравствениот центар „Агиос Николаос“, а оттаму веднаш било препратено во болницата во Полигирос.

И покрај сите обиди на лекарите, детето било прогласено за мртво. Грчката полиција го истражува случајот, но првичните информации укажуваат на несреќа поврзана со давење при јадење.

Поврзани вести