Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска кај Сити Мил ги посети полициските службеници кои работат во делот на превенција и во рамките на планот за засилено присуство на полицијата на терен.
Тошковски истакна дека во рамки на активностите коишто се преземаат од страната на Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје во тек се две редовни активности коишто се преземаат, едната од страна на Одделението за превенција, другата во рамки на засилените безбедносни мерки коишто се преземаат поради новогодишните празници и зголемената фреквенција на движење на македонските граѓани во рамки на сите места како трговски центри и други места кои се повеќе посетени за време на празнците.
„Првата акција којашто ја спроведуваме е во делот на превенцијата и во комуникација со граѓаните укажуваме на сето она што може да настане како штетна последица од употребата на петарди и пиротехнички средства. Разговараме и вршиме едукација на сите граѓани посебно на помладите и малолетниците со цел да се намали и спречи користењето на овие забранети пиротехнички средства и да избегнеме било какви последици и повреди по никого од нив. Втората акција се однесува на засилено присуство на полициски службеници во сите места каде што има зголемено присуство на граѓани како што се трговските центри и шопинг молови. Воедно комуницираме и во координација сме и со приватното обезбедување на таквите објекти со на спречување или што е можно побрзо откривање на било каков криминалитет тргнувајќи од имотни деликти, разбојништва па и форми на повисок криминалитет ако се појават. Полицијата е целосно фокусирана и посветена на вкупната безбедност на сите граѓани.“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски воедно изрази благодарност и кон полициските службеници коишто активно секојдневно учествуваат во ваквите активности и ги чуваат граѓаните и нивниот мир и во овие празнични денови и истакна дека македонската полиција останува постојано во секој момент на терен да ја чува безбедноста и да ги презема сите оние дејствија за кои е платена од своите граѓани.