
Ужасно злосторство се случило синоќа во Прилеп. Како што објавуваат дел од медиумите, на семејна веселба три лица, меѓу кои и малолетник го загубиле животот.
Според засега неофицијалните информации кои ги објавија локалните медиуми, вооружен маж, кој наводно е вујко на една од жртвите, влегол во домот на семејството во населбата Точила и отворил оган. Во нападот се убиени двајца членови на семејството, а жртвите, исто така неофицијално, се татко и неговиот малолетен син.
Настанот започнал околу 15 часот, а припадници на специјалните единици пристигнале на местото на настанот околу полноќ. Полицијата пробала да влезе во просторот каде се држени заложниците, но напаѓачот бил тешко наоружан, пукал кон полицијата и држел бомба.
Повеќе информации за мотивите и причините за двојното убиство, се очекува да бидат соопштени во текот на денот.