
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во моментов разговараат за тоа како да го заобиколат унгарското вето за членството на Украина во ЕУ.
Какво губење време! Никако. Треба да разговараат за тоа како да обезбедат никој да не загине при присилна регрутација во Украина, напиша Орбан во Фејсбук група на негови поддржувачи, пренесува Хирадо.
Според него, Украина е земја во војна, но тоа, како што наведе, не ѝ дава право да прави сè што сака.