
Германскиот министер за внатрешни работи, Александер Добринд, повика на зајакнување на германските системи за цивилна заштита како одговор на променетите закан, и ги повика граѓаните да се подготват за потенцијални сценарија на катастрофи.
Земјата не може да се фокусира само на „воена безбедност“, туку и на „цивилна одбрана и заштита на населението. Федералната влада работи со 16-те покраини за да ја процени достапноста на засолништа низ целата земја“, рече Добринд во северниот град Росток, каде владата го одбележуваше Денот на цивилната заштита.
Тој истакна дека многу засолништа биле демонтирани во изминатите децении, одлука која сега се преиспитува од страна на Берлин, пренесе ДПА.
Добринд, исто така, нагласи дека граѓаните мора да преземат одговорност за сопствената подготвеност за итни случаи, како што е складирањето храна и вода.
Министерот спомна дека дома има радио на мануелна рачка.
Имам и фенерче на мануелна рачка – па дури и „power bank“ што можете да го ракувате рачно“, рече тој.
Ралф Тислер, претседател на Канцеларијата за цивилна заштита и помош при катастрофи (BBK), ја повтори потребата цивилната и воената одбрана да се гледаат како меѓусебно поврзани.
Со заштита на цивилните структури и ресурси, обезбедуваме и воената страна на одбраната да може да функционира. Отпорно општество е клучно за националната подготвеност, рече тој.
Околу 40 организации за итни служби, од противпожарни служби до агенции за помош при катастрофи, учествуваа на јавниот настан во пристаништето на Росток.