Skip to main content

Само СДСМ не го осуди бришењето на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕП

Сите партии, европратеници, амбасадорот на ЕУ денеска излегоа со реакции за вчерашното гласање на Европскиот парламент и бришењето на македонскиот јазик и идентитет. ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, амбасадорот Рокас-сите освен СДСМ:

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, на денешната прес-конференција упати силна критика кон политиките на Европската Унија и нејзините членки, оценувајќи дека Македонија се соочува со нов облик на притисок – духовен и национален, порачувајќи дека македонскиот идентитет не е предмет на преговори.

– Верувам дека вчерашниот ден, токму таков каков што беше, тежок, неправеден, повторно со извештај што личи на притисок, ќе биде уште еден ден што ќе не обедини. Не околу политика, туку околу Македонија. Ние ја сакаме Македонија во Европската Унија. Движењето Знам за Наша Македонија токму за тоа се залага. Но не сакаме Македонија без Македонци. Не сакаме членство што ќе го платиме со негирање на сопственото постоење, рече тој, осврнувајќи се на Извештајот за земјава што беше усвоен во Европскиот парламент вчера, а во кој не беше одржана формулацијата „македонски идентитет и јазик“.

Димитриевски ја обвини Бугарија за политика на културна агресија и историско фалсификување, а Европската Унија за толеранција кон реваншизам.

-Ако ЕУ дозволи еден нејзин член, како што е Бугарија, да ги претвори преговорите во средство за историски реваншизам, тогаш таа дозволува унија во која слабите се жртви, а силните го прекројуваат идентитетот на соседот, рече тој, дополнувајќи „не сакаат само да се согласиме со нив, туку инсистираат да се откажеме од себе“.

Гласањето во ЕП за бришење на термините македонски јазик и идентитет од Извештајот за напредокот на Македонија, покажа дека Бугарија нема намера да застане кај внесувањето на Бугарите во Уставот. Всушност, тоа е само изговор за се друго.

Целта не била Бугари во Устав туку бришење на јазикот и удирање по идентитетот. Бугарија е разоткриена, објасни Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

фото: ВМРО-ДПМНЕ

 Евроамбасадорот Рокас потсети дека Европарламентот е независна институција, која носи политички одлуки согласно свои внатрешни процедури.

– Најважно е да се истакне дека идентитетот и јазикот не се дел од преговарачките рамки. Идентитетот и јазикот најдобро тие се бранат со полноправно членство во ЕУ. 

Поврзани вести